Skip to main content
Македонија

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

19/03/2025  20:18

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град.

Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни.

Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Во моментов во воени и цивилни здравствени установи се лекуваат 30 пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани.