Skip to main content
Хроника

Двајца полнолетни и двајца малолетници приведени по вооружената пресметка во Тетово

12/08/2025  14:53

На 11 август 2025 година, во периодот од 12:50 до 15:00 часот, полициски службеници извршиле претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, по судска наредба и во врска со вооружената престрелка што се случи на 10 август во Тетово.

При претресите биле пронајдени предмети од интерес за истрагата. Лишени од слобода се А.М. (41) и Е.М. (19), како и двајца малолетници на возраст од 15 и 17 години, сите од село Гајре.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.