Skip to main content
Македонија

Двајца пациенти кои се на лекување во Пловдив ќе бидат пуштени дома

28/04/2025  12:51

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени дома. Бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов вчера ја посети болницата во Пловдив и се сретна со двајцата пациенти.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за високиот професионализам и за добро завршената работа. Докажавте дека помошта што беше дадена навреме е највредна. Сепак, како лекари, знаеме дека моќта на човечкиот дух и волјата за живот се од најголема важност. Среќен сум што овие двајца мажи го покажаа токму тоа“, рече министерот Кирилов.
По 6 недели лекување кое вклучува низа хируршки интервенции, рехабилитација и психолошка грижа, пациентите на УМБАЛ „Св. Ѓорѓи“ ќе бидат отпуштени.

„Четворица од хоспитализираните остануваат под лекарски надзор. Сите други пациенти се успешно отпуштени“, велат од Министерството за здравство на Бугарија.