Skip to main content
Хроника

Двајца малолетници нападнале доставувач на пратки во скопско Визбегово

30/08/2025  14:42

Двајца малолетници нападнале доставувач на пратки во скопско Визбегово и му го украле ранецот.

– На 29.08.2025 во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен малолетник, двајцата од скопско поради постоење основи на сомнение дека истиот ден околу 16:40 часот со употреба на физичка сила, од У.Д.(23) од Скопје кој извршувал работни задачи како доставувач на пратки, му го одзеле ранецот со пратки, информираа од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.