Skip to main content
Македонија

Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави

16/03/2025  15:40

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот.

Петмина пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од хируршката клиника „Свети Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.

Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште петмина пациенти за Бугарија и пет за Србија.