Skip to main content
Балкан

Два земјотреса утрово во Бугарија и Грција

15/09/2025  09:04

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас, на длабочина од 16,8 километри. За среќа, нема информации за материјални штети или повредени лица.

Во утринските часови земјотрес е регистриран и во Грција. Станува збор за потрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 17 километри. Епицентарот бил во близина на островот Санторини, а земјотресот бил почувствуван и на самиот остров, како и на околните островски групи.

Сеизмолозите потсетуваат дека овие региони се сеизмички активни зони, каде вакви потреси се очекувани и вообичаено не предизвикуваат поголеми последици.