Skip to main content
Хроника

Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје

06/04/2025  13:44

Два случаи на семејно насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 05.04.2025 година во 23.20 часот во СВР Скопје, 24-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т.(54) со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.04.2025 година во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Л.(28) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12.00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.