Skip to main content
Хроника

Два случаи на напад врз полицајци во Скопје – Еден повреден

19/07/2025  15:39

Рано утрово во два одделни настани се нападнати полицајци кои биле на должност. Полицаец е нападнат при легитимирање на маж на Средно Водно, а на улица Ордан Поп Јорданов разгневен маж со тврд предмет го искршил стаклото на полициско возило во кое имало полицајци.

Според соопштеното од МВР во првиот случај полицаец од единицата за интервентна полиција е вербално навредуван и нападнат 02.10 часот на паркингот на Средно Водно. Тој службено легитимирал машко лице. Мажот прво почнал да упатува вербални навреди и пцовки а во еден момент замавнал и со двете раце го удрил полициски службеник во пределот на градниот кош. По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување за лекарска помош.

Вториот случај се одвивал на улица Ордан Поп Јорданов во 1,15 часот. Полицајците прво на улица Благоја Стефковскиво се обеиделе да запрат „пежо“ со скопски регистарски таблички, но возачот не застанал и настанала бркотница до улицата Ордан Поп Јорданов каде што „пежото“ било запрено.

Притоа констатирано е дека со возилото управувал Ф.Ј. (32) од село Петровец и во него имало уште три машки лица, а констатирани се и неколку прекршоци за коишто биле пишани и платни налози.

По завршувањето на вообичаената службена проверка полицајците се повлекле во своето возило, но нивната работа на завршила на тоа. Едно од трите лица од „пежото“ со тврд предмет го удрил и искршил задното стакло од службеното полициско возило, и потоа се дало во бегство.

Нема информации што се случило потоа.