Skip to main content
Македонија

Два од трите лека пристигнаа на Онкологија, пациенти се известуваат за да примат терапија

29/01/2025  18:01

Два лека од оние што недостасуваа, пристигнаа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија.

MK Summit

Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе пресрет.

Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре.

– Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите, подвлече Стојковски во изјава за МИА.