Skip to main content
Македонија

Душица Мрѓа за Кочани: Мицковски и Филипче ја саботираат Анкетната за Кочани

28/03/2026  12:03

Новинарката Душица Мрѓа се огласи на социјалните мрежи околу трагедијата во Кочани. Таа потсети дека повеќе од една година по трагичниот настан во Кочани, 63 семејства останаа без своите најмили, а над 200 лица беа повредени. Мрѓа истакнува дека судските постапки и понатаму се забавуваат, а дека обвинителството и политичарите не ја обезбедуваат потребната поддршка.Родителите на загинатите продолжуваат да бараат правда и правична одговорност за сите виновници.

,,Советот на ЈО денеска не и го продолжи мандатот на обвинителката од ОЈО ГОКК која ги застапува трите обвиненија за полицајците, која имаше доблест (според правните експерти) да ја одвои постапката и која за “загрозување на безбедноста” ги гони најповиканите и според сведоците и според семејствата кои на кобниот 16 март биле во Пулс и НЕ направиле ништо. Дополително доколку не беа секојдневните апели и маршеви на родителите, притисокот на јавноста и на мал дел медиуми кои секојдневно прашувавме зошто не се осомничени полицајците и началниците од вечерта, може и воопшто немаше да бидат.” – вели таа.

Мрѓа напиша дека додека премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата Венко Филипче се колнат дека трагедијата во Кочани не смее да се заборави, нивното присуство на комеморацијата и објавите за тоа всушност ја саботираат работата на Анкетната комисија.