
Во изминатите денови, Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт спроведе засилени инспекциски контроли согласно акциониот план. Во извршените 138 контроли, беа откриени 21 неправилност кај правни и физички лица што вршат превоз на патници и стоки, за кои се изречени соодветни казни.
За утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за понатамошно постапување.
Компании кај кои се констатирани неправилности:
1. Дурмо турс – Гостивар
2. Дени интернационал – Илинден
3. Свис мак алигега – Гостивар
4. Зем промет – компани – Сарај
5. Словин Билјана – Охрид
6. Бис – Охрид
7. Пештер ДОО – Скопје – Чаир
8. Димитриоски – Скопје – Гази Баба
9. Хисари-ГД – Дебар
10. Инком бизнис – Куманово
11. Палас експорт-импорт – Гостивар
Покрај овие, неправилности се утврдени и кај 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки.
Од понеделник, 24 март 2025 година, Министерството за транспорт – Државен инспекторат за транспорт ќе продолжи со секојдневни интензивни инспекциски контроли за проверка на лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возачите, тахографи и други регулаторни документи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.