
Во три одделни случаи, полицијата вчера, од момчиња на возраст од 18 до 23 години, одзела ножови во главниот град.
Во 18.10 часот вчера, во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.С.(18) од с.Кондово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 19 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.В.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Утрово, во 5.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.К.(23) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.