Skip to main content
Магазин

Дуњата – природен лек против кашлица, стомачни тегоби и висок притисок

25/08/2025  16:41

Дуњата е овошје богато со витамини и минерали, кое со децении се користи во народната медицина за ублажување на кашлица и смирување на стомачни проблеми. Лековити својства имаат не само плодот, туку и семките и листовите.

Може да се консумира свежа, но и преработена во сокови, компоти и сирупи, кои еднакво ефикасно помагаат при бројни здравствени тегоби. Дуњата содржи големи количини витамин Ц, дури и повеќе од лимонот, како и витамини Б1, Б2, нијацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, железо, цинк и други минерали. Богата е и со протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Најлековити делови се семките од кои се прави чај. Кога ќе се остават во вода, тие испуштаат слуз која ја смирува кашлицата и го прочистува дишниот систем. Воедно содржат витамин Б17 со антиканцерогено дејство, масти, пектин, танин и шеќери. Благодарение на танинот, дуњата ја подобрува работата на цревата и спречува инфективни заболувања, додека пектинот придонесува за намалување на крвниот притисок и заштита од радиоактивно зрачење.

Сокот од дуња е ефикасен против кашлица, астма и дијареја, а варената или печена дуња е корисна за анемични лица и за воспаленија на желудникот и цревата.

Приготвување сок од дуња:
Изрендајте еден килограм дуњи, процедете ги преку газа и испијте го сокот веднаш, пред јадење, бидејќи брзо оксидира.

Приготвување чај од семки од дуња:
Семките прелијте ги со зовриена вода, оставете да отстојат неколку минути и испијте го чајот.

Покрај тоа што е лековита, дуњата може да се користи и за приготвување разни десерти кои ја задржуваат нејзината здравствена моќ.