
Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и остро го осудува систематското и намерно исклучување на Албанците од државните институции во Република Северна Македонија.

Според партијата на Ахмети, овој дискриминаторен феномен добива алармантни размери и претставува сериозно кршење на принципите на еднаквост и правична застапеност.
Како што појаснуваат, најновиот случај што јасно ја илустрира оваа загрижувачка реалност е Агенцијата за храна и ветеринарство, каде од вкупно 21 вработени, нема ниту еден Албанец.
„Станува збор за јавна институција што функционира со буџетски средства од даночните обврзници, вклучително и албанските граѓани, и целосното исклучување на цела заедница претставува неприфатлива и осудувачка пракса.Ова не е изолиран случај. Тоа е дел од исклучувачка политика, која директно се коси со духот и буквата на Охридскиот рамковен договор, како и со темелните вредности на европската интеграција“, стои во соопштението.
ДУИ бара итна институционална реакција и започнување на независна истрага за да се обезбеди правична и пропорционална застапеност на Албанците на сите нивоа на јавната администрација, од раководните до извршните позиции.
„Дискриминацијата не смее да се нормализира. Молкот не е опција. Еднаквоста е ненадоместлива“, порачаа од ДУИ.