Skip to main content
Македонија

ДУИ: Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера

10/06/2025  09:49

Соопштение на ДУИ:

Изразуваме длабока загриженост кон последните трендови со кои Власта, преку серија институционални чекори, системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера.

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците.

Паралелно, Инспекторатот за примена на законот е фактички блокиран, му е одземена автономијата, инспекторите шест месеци не земаат плата, и немаат основни услови за работа, вклучително и пристап до службени возила.

Самиот директор, поставен од Владата, јавно призна дека возилата се користат за негови лични цели, додека институцијата не функционира.

Скандалот е продлабочен од страна на Министерот за политички систем, кој вчера изјави дека ќе го смени директорот на Инспекторатот не поради неработење, туку за да му го покаже местото.

Оваа изјава е директна демонстрација на институционален притисок и понижување врз службената употреба на албанскиот јазик.

Ги повикуваме сите албански општествени фактори, вклучувајќи ги и остатоците од ВЛЕН кои останаа дел од Владата, да преземат одговорност кон и јасно да се спротивстават на овие системски закани врз албанскиот јазик.

Албанскиот јазик не е политичка привилегија , тој е уставна категорија и дел од темелите на Охридскиот договор.