
На денешната седница на ДУИ, свикана од Али Ахмети, се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ.
Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет.
На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ, и тоа: Кичево – Арлинд Сејдини; Врапчиште – Евзал Арслани; Ресен – Арјан Муедини; Карпош – Хамза Јашари.
Демократската унија за интеграција останува посветена на зајакнувањето на партиските структури и на одговорното адресирање на политичките случувања, во интерес на граѓаните и политичката стабилност на земјата.
