Skip to main content
Економија

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

26/03/2026  13:24

Соопштението на ДУИ:

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, како резултат на недоволните економски политики на Владата.

Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално се соочуваат со пад на куповната моќ и секојдневно се борат да ги покријат основните потреби.

Цените на храната, електричната енергија, горивата и основните услуги бележат континуиран раст, додека мерките на Владата остануваат задоцнети и недоволни. Наместо системски решение граѓаните добиваат зголемување со кои не можаат да ги покриваат ни трошоците за храна и пијалоци.

ДУИ оценува дека е неопходно итно преземање на конкретни мерки за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард. Во спротивно, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните и зголемување на социјалната нееднаквост.

ДУИ останува посветена на предлагање реални и одржливи решенија кои ќе обезбедат економска стабилност и подобар живот за сите граѓани.

Да почнеме со зголемување на минималната плата од 35.000 Ден.