Skip to main content
Македонија

ДУИ: Производството на термоелектраните за Јануари намален за цели 22.5%

26/03/2026  12:04

Соопштение на ДУИ:

Тоа што ДУИ го објави во однос на купувањето на електрична енергија, вчера го потврди и Државниот завод за статистика, со тоа што бруто-производството на електрична енергија од страна на термоелектраните е намалена за цели 22.5% споредено со истиот период од претходната година.

Овој недостаток е целосно компензиран со купување на базна електрична енергија.
За да бидат граѓаните во целост информирани, електричната енергија е купена од ТЕ-ТО и тоа е јавна достапна информација.

За да се утврди, кој ја кажува вистинита, ја повикуваме ЕСМ да ги објави сите јавни повици и договори за купо-продажба на електрична енергија, за граѓаните да имаат увид во тоа како се менаџира со електро-енергетските капацотети на државата.