
Соопштение за јавност на ДУИ:
Демократската унија за интеграција најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.
Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава.
Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија.
ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот.
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата.