Skip to main content
Македонија

ДУИ ги утврди новите кандидати за градоначалници во Долнени, Пласница и Бутел

05/09/2025  23:01

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес ја свика 23-та седница на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања, за максималната мобилизација на Националната алијанса за интеграција, како и за претстојниот референдум на 19 октомври, кој партијата го најавува како плебисцитарна народна победа.

На седницата, едногласно и со целосен консензус, беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници:

  • во Долнени – Фламур Ѓолека,
  • во Пласница – Али Јаоски,
  • во Бутел – Исамедин Азизи.

ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори.

„Референдумот на 19 октомври ќе биде историски момент за народот – ден кога одлучно ќе се врати достоинството и ќе се зајакне нашата улога во државата. Сите сме на нозе за достоинството и за заедничката победа“, порачаа од партијата, изразувајќи задоволство од, како што велат, масовната поддршка и мобилизација.