
ДУИ реагира дека сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, каде изгореа 59 луѓе, полицијата го водела без лисици, а со екс министерот за економија, Крешник Бектеши било обратно, го воделе со лисици на рацете.
„Директниот автор на трагедијата, сопственикот на клубот што изгоре и им ги одзеде животите на 59 млади луѓе во Кочан, полицијата го зема БЕЗ лисици, додека поранешен министер, кој нема никаква врска со оваа трагедија, беше придружуван со лисици, под максимално медиумско внимание“, пишуваат од ДУИ во објавата, нарекувајќи го ова „институционален срам“, „чиста манипулација“ и „кршење на правдата“.