
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш информираше дека е локализиран пожарот на дивата депонија со отпад кај Визбегово.

-Сите сме на терен и сме активни за да го локализираме пожарот што избувна. Направивме евакуација на дел од куќите кои што беа загрозени, но, сепак немаше потреба бидејќи и самите жители кои живеат во куќите излегоа и помогнаа за гасење на пожарот, рече Дудуш во изјава за медиумите.
За фирмата која ја поседува депонијата, градоначалникот изјави дека во општината на увид ги има сите документи.
-Знаеме дека Министерството за животна средина му има издадено дозвола за работа во 2019 година и 2020 година и дозволата важела до февруари 2025 година. Во ноември 2024 година, колку што знаеме во општината, имаат поднесено ново барање, но не знаеме до каде е. Кај нас само се бара мислење за продолжување на нивната дозвола. Тогаш дадовме позитивно мислење, кажа Дудуш.