Skip to main content
Спорт

Дуан го искрши болидот во Сузука

04/04/2025  09:03

Жесток судар се случи на почетокот на вториот тренинг на патеката Сузука, за Големата награда на Јапонија во Формула 1.

Австралиецот Џек Дуан изгуби контрола над својот Алпин и удри во заштитниот ѕид.

Иако автомобилот е речиси целосно уништен, за среќа, Дуан не е повреден и без проблеми излезе од возилото.

Според првите шпекулации, се чини дека ДРС системот на Австралиецот откажал на стартната линија, односно не се затворил по линијата, што довело до лебдење на задниот дел од болидот.

По пауза од 25 минути, тренинго продолжи, а повторно беше прекинат по само неколку минути.

Прво Фернандо Алонсо се заглави во песокот откако ја закачи тревата при влегувањето во осмата кривина, а потоа се запали тревата покрај патеката, па маршалите мораа да ја изгаснат.