Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 зборуваше за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. По неговите информации, се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или преку небрежност.
„Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката“, рече Коцевски.
Како што додаде, во повеќето случаи, кривичните дела во сообраќајот се резултат на небрежност, што го поттикнува потребниот акцент на строгост и контрола во оваа област.
Тој се осврна и на тоа колку ги загрижува присуството на мобилен телефон кај возачот во затворот. Како што вели, јавувањето на мобилен телефон на Васил од затворот не верува оти ќе има последици врз случајот.
„Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката“, додава Коцевски.