Skip to main content
Македонија

Држава на старци – Владата размислува празните училишта да ги пренамени во старечки домови

20/07/2025  20:43

Во интервју за „Радио слободна Европа“, министерката за образование објасни дека станува збор за објекти кои се веќе празни и дека не можат да бидат пренаменети во градинки или нешто слично бидејќи нема деца во тие населени места.

Таа говори и за оптимизација, што во суштина ќе значи затворање на подрачните училишта во чија близина има централни

Министерството за образование работи на оптимизација на училиштата во земјава, што ќе значи и затворање на дел од нив. Прашана, колку точно училишта ќе добијат клуч на врата бидејќи во нив учат премалку деца, во интервјуто за „Радио слободна Европа“ таа изјави:

Не можам да ви кажам точна бројка, затоа што и тоа не е многу едноставно. Ако подрачно училиште е 30 километри оддалечено од централното, тоа нема да се затвори макар и едно дете да има таму, нели? Тоа е логиката. Тоа едно дете има право на образование. Но, ако е на 2,5 или на 3 километри, секако, а таму учат 15 деца секако тие ќе се приближат во централното. Ова е сериозен процес. 20 општини се оптимизирани веќе, а во овој момент се работи уште изјави министерката за образование Весна Јаневска.

На дополнителното прашање, дали тоа значи дека во 20 општини се затворени училишта или се предвидува нивно затворање, таа го дообјасни процесот. На градоначалниците, пак, кои имаат празни училишта, им препорача да размислат за пренамена на објектите.

Не, не, значи, веќе се оптимизирани. Одреден број училишта се затворени. Не ме сфаќајте за збор, мислам дека околу стотина училишта подрачни веќе се затворени. Некои без да го почнеме ние процесот затоа што таму нема веќе деца. Стојат така зградите.

Им препорачувам на градоначалниците да им најдат нова употреба, од нас нема да имаат никаков проблем. Оти не е ни за градинка, нема деца, но можат нешто друго… не знам, можеби старски дом, можеби некаков клуб и така натаму.

Додека во делови од државата се затвораат училишта, во Скопје се доградуваат, кажа министерката прашана до каде е ветувањето за едносменско работење на училиштата во земјата