
Околу 15:30 часот преку бројот за итни повици 112 била примена пријава за паднато дрво во близина на СЕПУГС „Васил Антевски“ на улицата „Вера Јосиќ“ во скопската општина Кисела Вода. Според првичните информации, дрвото паднало врз три паркирани возила, при што била предизвикана материјална штета.
Паднатото дрво во моментот го попречува сообраќајот на улицата, а на местото се чувствува мирис на изгорен кабел, иако, според информациите, нема појава на активен чад, објави 4news.mk.
За настанот се известени екипи од СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“. Од Министерството за внатрешни работи се очекува да извршат увид на местото на настанот, додека екипа на јавното претпријатие треба да го отстрани паднатото дрво и да овозможи нормализирање на сообраќајот.
Надлежните апелираат до возачите да се движат внимателно и да ги почитуваат насоките на службените лица додека трае расчистувањето на теренот.

