Skip to main content
Скопје

Дрво падна врз автобуска постојка пред Капитол мол

27/06/2025  20:00

Во невремето кое денеска попладне го зафати Скопје откорнати се неколку дрвја.

Имено, во општината Аеродром, поточно пред трговскиот центар Капитол дрво падна директно врз автобуската постојка која се наоѓа веднаш пред молот и предизвика материјална штета.

Дали во моментот имало случајни минувачи или пак граѓани кои чекале автобус на постојката сеуште нема информации.

Откорнати гранки од дрво имаме и во центарот на Скопје, од кои засега не е пријавена никаква штета.