
Драматичен безбедносен инцидент се случи во близина на аеродромот Palm Beach International Airport, откако дрон се приближил опасно до летало во момент кога претседателот на САД, Доналт Трамп, полетувал со претседателскиот авион.
Инцидентот се случил за време на самото полетување, по што надлежните веднаш вовеле т.н. „ground stop“ – целосен прекин на сите воздушни операции на аеродромот од безбедносни причини.
Патниците биле информирани за ситуацијата додека биле во лет, а во воздух биле ангажирани и хеликоптери за да се провери заканата и да се обезбеди воздушниот простор.
И покрај ризичната ситуација, претседателскиот авион успешно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и аеродромот продолжил со редовна работа. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Mar-a-Lago во Палм Бич, каде и претходно биле регистрирани безбедносни инциденти.

