Skip to main content
Хроника

Дрога пронајдена во ранец на припадник на Армијата во касарна во Петровец

03/03/2026  15:36

Против 30-годишен припадник на Армија на Република Северна Македонија ќе биде поведена кривична постапка поради дрога, информираа од Министерство за внатрешни работи.

Од СВР Скопје соопштија дека е поднесена кривична пријава против И.Р. (30) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, на 12 февруари 2026 година во касарна во Петровец била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а против осомничениот ќе следува соодветна постапка пред надлежното обвинителство.