![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/policija-2.webp)
– На 06.02.2025 во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(18) од село Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела гручеста материја, таблети и дигитална вага, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.