Skip to main content
Хроника

Дрога пронајдена кај две млади лица во Скопје

06/02/2025  12:46

Две млади лица вчера уапсени во Скопје за дрога.

– На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје и Б.Д.(23) од Гостивар, а со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.