
Лишени се од слобода две лица кои поседувале амфетамин. 34 годишните К.А и И.М се задржани во полициска станица. Врз основа на судски наредби се извршени претреси во нивните домови во село Марвинци. Кај лицето К.А пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

