
Од Грамш, каде што внимателно ги следи операциите за гаснење на пожарите што го зафатија ова подрачје, и кои се вон секаква контрола, албанскиот министер за одбрана, Пирот Венгу, за медиумите рече дека „динамична е ситуација низ целата земја“.
Според него се врши евакуација на жители од повеќе села во Грамш и Пуличан, од каде до сега се евакуирани над 300 лица.
-Нивните животи се наш приоритет. Локалните сили и вооружените сили ќе продолжат во гаснењето, како што беа сите овие денови. Имаме 1300 локални пожарникари, над 1000 армиски сили распоредени низ целата земја. Само во подрачјето на Грамш од воздух се гасни со четири хеликоптери, рече Венгу.
Тешка е состојбата и во Тепелена, Финиќ, Делвина, Дропул каде пламените јазици се приближуваат до населени места.
-Селата Кулолас, Блетез, Менколар и Шимар, кај Грамш, чии жители претходно беа евакуирани, се целосно пеплосани. Во болницата во Грамш е и првиот човек на Националната итна помош, Скендер Братај, кој рече дека животот го загубиле две лица а осум се повредени. Екипа на брза помош и пожарникари се обидуваат да спасат жена и две деца кои се заобиколени од пожар што интервенцијата на прави тешка, објавија медиумите.
Апел да ги следат апелите на надлежните и да соработуваат со нив до жителите упати и шефот на државата Бајрам Бегај.
„Ги поканувам сите граѓани, особено жителите на општина Грамш, каде што ситуацијата е покритична, да соработуваат и да придонесат рамо до рамо со структурите за цивилни вонредни состојби, пожарникарите, вооружените сили и полицијата, кои работат и се жртвуваат за да го заштитат животот и имотот “, апелираше претседателот.