Skip to main content
Хроника

Драма во Валандово: Разбојник се обидел да провали во куќа и избегал, кога го фатиле возел украдено возило

25/09/2025  13:16

Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.

Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.

А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.

Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.