Skip to main content
Хроника

Драма во Скопско: Момче со нож ограби продавница – вработената преживеала хорор!

02/06/2025  16:09

Во вистински хорор се претвори обичен работен ден за една вработена во продавница во скопското село Визбегово, откако на 21 мај 2025 година била нападната од млад разбојник вооружен со нож. Според информациите од СВР Скопје, против 20-годишниот М.А. е поднесена кривична пријава за разбојништво.

Инцидентот се случил во продажен објект каде осомничениот, заканувајќи се со нож, успеал да одземе пари од дневниот промет. Деталите за износот не се соопштени, но вработената доживеала вистински шок и паника.

Полицијата брзо постапила и идентификувала осомничениот, против кого сега се води постапка. Истрагата е во тек.