Skip to main content
Хроника

Драма во Скопје: Тројца млади луѓе нападнале пешак за да му го украдат телефонот

20/06/2025  14:05

Полицијата ги приведе М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје на подрачјето на Гази Баба поради разбојништво.

„Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото“, соопшти МВР.

Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.