Skip to main content
Хроника

Драма во Росоман: Малолетник нападнал и ограбил таксист

17/06/2025  15:41

Малолетник од Росоман физички нападнал таксист и при закана со метален предмет му одзел пари, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

Рано утрово во 2:30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Росоман, затоа што физички нападнал такси возач кој го превезувал, по што со закана со метален предмет му одземал пари.

Малолетникот бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци, а по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.