Skip to main content
Свет

Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

27/01/2025  08:40

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на 19 век, ќе пропадне.

Пожарникарите биле повикани околу 3 часот по полноќ кога биле известени за пожарот, јавува весникот „Фигаро“. Во извештајот се наведува дека пожарот се заканувал да ја уништи саат-кулата на општинската зграда, изградена во 1876 година. За среќа, околу 6 часот утринава пожарот е ставен под контрола.

Полицијата го блокираше просторот околу зградата на општината, а според локалните медиуми, околу 7:30 часот веќе немало видливи пламени јазици, но опожарени делови сè уште паѓале на земја.

Пожарникарите велат дека засега нема опасност од уривање на кулата.