Skip to main content
Скопје

Драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило на полицаец

04/04/2025  10:10

Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. По повеќеминутна расправија со вработените кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност. Возилото ги изиритира граѓаните зошто беше паркирано сред велосипедската патека.

Каква е таа должност четири саати пред кафеана, прашуваа граѓаните кои како што може да се види од објавата на социјалните мрежи го пријавиле случајот.

Полицаецот на должност кој е присутен заедно со вработените во пајкат службата, првично се обидува да им објасни зошто не треба да се крева возилото, но по нивната упорност и откако се консултираше со некого вели „Кревајте го“, по што вработените во ПОЦ го земаат возилото.