Skip to main content
Хроника

Драма во Чаир: Полиција пукаше предупредувачки, спречен обид за грабеж во маркет

06/09/2025  19:43

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир, и се обиделе да извршат разбојништво.

Инцидентот бил пријавен во 04:52 часот во СВР Скопје, по што веднаш биле преземени соодветни мерки од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар.

Откако ги забележале полициските службеници, сторителите се дале во бегство, при што еден полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздух. По кратка потера, од слобода биле лишени А.Х. и Е.А., а за третото лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.