Skip to main content
Балкан

Драма на Сава: Авион падна во реката, граѓани го спасија пилотот!

24/03/2025  15:20

Хидроавионот „Цесна 206“ паднал во реката Сава, во населбата Прогар, откако налет на силен ветер го принудил на неконтролирано слетување.

MK Summit

Граѓани кои биле во близина веднаш реагирале, пристапиле со чамци и успеале да го извлечат пилотот од студените води. Според првичните информации, авионот слетал на платформата, но поради налетот на ветрот се лизнал во реката и продолжил 300 метри низводно.

За инцидентот е информирано Третото основно јавно обвинителство во Белград, кое ќе ја спроведе истрагата за причините за падот.