Драматична приказна се одвивала во Бразил, поточно на плажа во Сао Паоло. Таканаречениот балон за одење во вода, во кој се наоѓало 11-годишно момче, бил однесен од силниот ветер.
Неговите родители го забележале исчезнувањето и го вклучиле алармот, а работите да бидат уште полоши, балонот закачил на остри камења, се пробушил и почнал да протекува.
Момчето било исплашено, очајно и само но сосема случајно во негова близина се нашол Рафаел Граса до Прадо (32), кој се возел на глисер, пренесува Метро.
„Забележав голем балон, веќе беше пробушен и се полнеше со вода. Момчето удараше во него но не можеше да се ослободи. Го прашав дали има воздух и тој го крена палецот нагоре“, раскажува тој.
Сепак, Рафаел не знаел колку долго ќе издржи момчето внатре, па брзо реагирал.
„Внатре нема многу кислород. Го смирив и ќерка ми снимаше се. Не го отворивме балонот, го закачивме за чамецот и го влечевме до брегот“, објасни тој.
Таму ги нашле очајните и расплакани родители. Кога го виделе синот, побрзале да го извадат од балонот. Спасувачите подоцна издадоа предупредување дека малечките во вакви реквизити никогаш не треба да бидат надвор од видното поле.