Skip to main content
Балкан

Драма на Олимпик Бич: Момче од Србија во последен момент спаси од давење маж од Скопје

07/06/2025  08:21

Неименувано момче спаси постар човек од Скопје, кој се давеше, објавија српските медиуми.

Сè се случило во средата на Олимпик Бич. Според објава на Фејсбук страницата Grčka info, постариот човек и неговата сопруга влегле во водата.

„Тие влегле во водата држејќи се за раце. Жената знаела да плива, но тој не знаел. Тие се оддалечиле околу 50 метри од брегот, но водата им била до половината. Слушнале вресоци и повици за помош. Една девојка која била во нивна близина почнала да вика помош. Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалка и без размислување се стрчал во водата. Успеал да го извлече човекот на брегот“, се вели во објавата во популарната Фејсбук група.

Се додава дека меѓу пливачите, за среќа, имало и девојка која е докторка и која веднаш започнала со реанимација.

„По некое време, човекот почнал да покажува знаци на живот и почнал да ги движи рацете и нозете. Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница. Благодарение на брзата реакција на присутните и брзиот одговор, животот на човекот бил спасен“, се додава во објавата.