
Водителката па познатата кулинарска емисија “Готвиме со Дракче”, поминува низ тежок период во нејзиниот живот, откако пред неколку месеци објави дека повторно се бори со тешка болест, но е голем борец и прави се повторно да победи.
Сепак изгледа не секој сочувствува до нејзината болка, па таа мораше и јавно на социјалните мрежи да објави порака во која прашува како да одговори на некој кој ја прашува колку и плаќаат за да глуми дека е болна, а притоа пораката да ја добива додека е во болнички кревет, по направена операција.
“Што да одговорам на недоличниот коментар?
….Колку ви плаќаат за да глумите дека сте болна.._ испратено од фб профил ЗЕЛЕН ГРАД.
🤔Се прашувам дали личноста има човечко во себе..Јас се борам со ужасни болки излезена од операциона сала..
Жално ,мизерно,безчуствително..
🙏Бог нека е со мене и добрите луге кои имаат душа како мојата-другите нека ги отстрани од мене..
( треба да ставиме стоп на коментари кои комплетно нарушуваат и здравје и надеж)”, напиша таа објавувајќи и фотографија од болница.