Skip to main content
Македонија

Дожд и снег во повисоките предели од утре

17/03/2026  15:35

Од утре не очекува шроменливо облачно време. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Утре и во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.