
Довербата на француските граѓани во претседателот Емануел Макрон во декември опадна на само 25 проценти, според резултатите од најновата анкета за јавно мислење, пренесуваат француските медиуми. „Божиќ не ја врати довербата на францускиот народ во извршната власт.
Според интерактивниот барометар Толуна-Харис за LCI, објавен вчера, само 25 отсто од населението велат дека му веруваат на претседателот Емануел Макрон“, пишува порталот ТФ1инфо, додавајќи дека тоа е за четири процентни поени помалку отколку во ноември.
Според медиумот, ова е најниското ниво на доверба на Макрон од преземањето на функцијата во 2017 година, слично како рејтингот забележан во октомври 2025 година. Истражувањето покажува дека францускиот премиер Себастијан Лекорну ужива доверба од 34 проценти од испитаниците, но и неговиот рејтинг бележи благо намалување од еден процент во споредба со ноември.

