Skip to main content
Македонија

Досегашниот претседател на Управен суд ќе биде в.д. претседател до избор на нов, одлучи Судскиот совет

11/12/2025  11:40

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов. Ваква одлука денеска донесе Судскиот совет на денешната 533. седница.

Беше кажано дека на 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира в.д. претседател до избор на нов. 

Сејдини ги исполнил потребните критериуми за позицијата и тој со 11 гласа за беше определен да биде в.д. претседател на Управен суд од 15 декември.

На дневниот ред на седницата е и донесување Годишна програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, со Акционен план.