Skip to main content
Музика

Дополнителни трибини пуштени во продажба за Stars Symphony поради големиот интерес на публиката!

19/05/2025  12:01

Поради исклучително високиот интерес и распродадените билети за големиот музички спектакл Stars Symphony, Битолски Камерен Оркестар официјално пуштаат дополнителни места на трибините во продажба.

Првичниот план предвидуваше отворање само на долните трибини и партерот, со цел да се задржи динамичната природа на настанот. Меѓутоа, на барање на публиката, дополнително се пуштени блоковите 7, 8 и 9, кои со својата поставеност и видливост целосно одговараат на карактерот на настанот и овозможуваат уживање во комплетното искуство.

Настанот, кој ќе се одржи на 20 мај во Арената „Борис Трајковски“, претставува уникатен музички спој на симфонија и електронска музика, со два импресивни дела:
MTV The Greatest Hits – Volume 3, со некои од најпознатите македонски и регионални изведувачи во оркестарско издание, Schiller Symphony – специјален настап на германскиот музички виртуоз Schiller со Битолски Камерен Оркестар, кој веќе пристигна во Скопје и започна со подготовките.

Од Битолски Камерен Оркестар изразуваат огромна благодарност до сите љубители на музиката за нивната поддршка и интерес, кој уште еднаш потврдува дека културата и музиката обединуваат.

Новите билети се веќе достапни преку официјалната платформа за продажба, на следниот линк: MTV The Greatest Hits Vol. 3 & Schiller Symphony.