Skip to main content
Македонија

Донев: ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на претстојните локални избори

10/06/2025  21:39

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, кој дебатираше на повеќе теми од кои и за локалните избори, за тоа  колку градоначалници веќе се избрани од страна на партијата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш го исполнува ветеното  и отчетно го презентира на јавноста.

„Ние сме чекор напред по однос на изборот за кандидати за градоначалници, повеќе од пола година вршевме теренски анкети и анкети на целокупното јавно мислење на граѓаните, како и анкети внатрепартиски  по однос на поддршката за идни градоначалници на локалните избори. Веќе имаме 25 кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ е партија која она што го ветила го реализира и отчетно го презентира пред граѓаните, после изборот на сите градоначалници ќе пристапиме  кон отчетност за сработеното на сите градоначалници  изминативе 4 години, иако сум цврсто убеден дека над 90 проценти од програмите коишто ги ветија актуелните градоначалници веќе се исполнети “, рече Донев.

Пратеникот во емисијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на локалните избори, а во однос околу изборот за кандидатот за градоначалник на градот Скопје дека ќе биде избран најдобриот.

„Околу кандидатот за Скопје сметам дека нигде нема “жежок костен“, затоа што сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои историска победа на претстојните локални избори. Не можам да споменувам имиња, затоа што повеќе имиња се во тек и оној кој што ќе биде најдобар и на мерењата и на она што го има како проект и програма, за во идниот период, ќе биде избран од страна на партијата“, вели Донев.