Skip to main content
Спорт

Дончиќ ја доживеа најтешката повреда во НБА-кариерата

27/12/2024  11:52

Лука Дончиќ (25) на Божиќ го напушти натпреварот Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс поради повреда со која се здоби на две ипол минути до крајот на втората четвртина.

Далас објави колку е сериозна повредата на Дончиќ. Далас еден месец ќе биде без најдобриот играч, поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога.

Ова е најтешката повреда во НБА кариерата на Дончиќ. Никогаш досега не се случило да не игра еден месец. Далас ќе одигра 17 натпревари во тој месец, што значи дека Дончиќ за првпат во кариерата ќе биде под 65 одиграни натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/20, која беше скратена поради коронавирусот).

Поради ова, тој нема да се натпреварува за индивидуални награди како што е МВП или за вклучување во Ол-НБА тимот.

Словенецот на 22 одиграни натпревари сезонава има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи и 11 порази.